Селекторот на Шпанија, Луис Енрике го искажа своето задоволство по пласманот во четврт-финалето на Евро 2020.
Шпанија ја победи Хрватска со 5:3 по продолженијата и ќе игра против Швајцарија која по подобро изведување на пенали го елиминираше актуелниот светски шампион – Франција.
„Верувам во нашиот голман и момците. Успеавме да изградиме нов тим, но сепак растеме. Можеме да победиме и да загубиме од секого. Тоа беше неверојатен натпревар. Во еден момент бев загрижен дека ќе загубиме, но потоа се појави Алваро Мората и постигна одличен погодок. Среќен сум за него“, прокоментира Енрике.
Тој не го критикуваше голманот Унаи Симон, кој направи грешка на почетокот. „Тој е многу способен голман. Карактеристика на нашата игра е ризикот“, додаде Луис Енрике.

