Луис Максимијано ќе си замине од италијанскиот Лацио и ќе застане меѓу стативите на голот на Алмерија, потврдија од шпанскиот фудбалски клуб преку социјалните мрежи.
24-годишниот голман треба да остане во Примера Дивизион една сезона а потоа има можност да биде откупен за околу 10 милиони евра.
Луис во претходната сезона во дресот на „римските орли“ бранеше на шест натпревари.