Извршниот директор на тенискиот турнир – „Вимблдон“, Ричард Луис, вели дека тенисот може да паузира до 2021 година откако пандемијата на корона-вирусот ја одложи целата сезона на трева.
„Не сум оптимистички расположен, но, се надевам дека ќе се одржи отвореното првенство на САД. Се надеваме дека работите ќе се смират малку и ќе бидат одржани турнирите во Монтреал, Торонто и Синсинати“ – вели Луис.
„Сите знаеме дека тоа е во моментов малку веројатно. Сепак, можеме да се надеваме дека ќе има тениски мечеви до крајот на годинава“ – вели Луис.

