Дефанзивниот фудбалер на Челзи, Давид Луис, проценува дека Калум Ходсон-Одои може да го замени Еден Азар доколку белгиецот се одлучи да замине во редовите на Реал Мадрид.
„Ако Азар одлучи да оди, јас му пожелувам многу успех со новиот тим. Тој е фантастичен играч и дружељубив човек. Според мене, Ходсон-Одои е голем талент и може да биде достојна замена за Азар“ – вели одбранбениот играч на „сините“.
Ќе потсетиме дека 18-годишниот репрезентативец на Англија во моментов е во процес на рехабилитација бидејќи имаше потешка повреда.