Уругвајскиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Луис Суарез е повторно тестиран за коронавирус. Неговиот резултат беше негативен, се вели во информацијата објавена на официјалната веб-страница на клубот.
Претходно, поради позитивен тест за КОВИД-19, Суарез не учествуваше на последните натпревари на Атлетико. Конкретно, Уругваецот не играше против Локомотив Москва (0:0) и Баерн Минхен (1:1) во Лигата на шампионите, а ги пропушти и натпреварите од шпанското првенство со Барселона (1:0) и Валенсија (0:1).
Оваа сезона Луис Суарез одигра 9 натпревари во сите натпреварувања за Атлетико и постигна 5 погодоци на нив. Напаѓачот се пресели во оваа екипа од Барселона во летниот преоден рок 2020 како слободен агент.

