Напаѓачот на Гремио, Луис Суарез, кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата. Уругвајскиот ветеран може да се смета за сигурно ново засилување за Интер Мајами.
Сите детали околу договорот на Суарез се веќе финализирани, тврди „ЕСПМ“. Тој ќе им се приклучи на своите нови соиграчи во јануари и повторно ќе игра со неговите поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Договорот на Уругваецот со Интер Мајами ќе биде на 1+1 година. Гремио веќе се согласи да се раздели со 36-годишниот голгетер со заедничка согласност.
Од почетокот на сезоната во Бразил, Суарез има 10 гола и 10 асистенции на вкупно 26 натпревари за Гремио. Во сите натпреварувања има 19 гола за тимот на Порто Алегре кој е 4-ти на табелата на бразилската Серија А.