На вториот натпреавар на Уругвај од групата „А“ на СП 2018 година една од ѕвездите на тимот Луис Суарез имаше еден убав љубилеј, бидејќи ова е беше негов 100-ти натпревар во дресот на репрезентацијата.
Токму Суарез го одбележа овој натпревар со својот нов гол постигнат во дресот на својата репрезентација и се погрижи Уругвај да поведе со 1:0 во 23.минута од натпреварот. Напаѓачот на Барселона стана првиот уругвајски фудбалер кој постигнал голови на три различни светски шампионати.
На Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, Суарез постигна три гола, на Светското првенство во Бразил беше реализатор на два гола, а сега го постигна првиот гол и на Светското првенство 2018 година во Русија.