Селекторот на Холандија, Луис ван Гал објави дека се бори со рак на простата.
Дијагнозата ја потврди во една холандска ТВ емисија, објаснувајќи дека болеста долго време ја чувал во тајност од своите играчи. Зборувајќи за здравствениот проблем, Ван Гал откри дека има прилично агресивен облик на рак и им се заблагодари на персоналот во болницата каде што се лекува.
И покрај неговата болест, Ван Гал успеа да ја одведе селекцијата на Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи од ноември до декември 2022 година.