Фокусот на Англија не треба да биде само на Килијан Мбапе во нивното претстојно четвртфинале на Светското првенство против Франција, предупреди англискиот дефанзивец Лук Шоу.
Левиот бек на Англија предупреди дека целата репрезентација на Франција има класа и не би било во ред Англија да се фокусира само на неутрализирање на Мбапе, кој веќе има пет гола на СП во Катар.
„Очигледно по неговиот настап против Полска и двата гола, ќе се зборува уште повеќе за него. Но, веќе знаевме дека е играч од светска класа. Мислам дека би било многу наивно од нас да се фокусираме само на него. Тие се актуелните светски шампиони и мораме да размислуваме како да ги неутрализираме како тим“, изјави Шоу и додаде: „Тие имаат брилијантни играчи на сите позиции, па не треба да размислуваме само за Мбапе“, заврши Шоу.