Дефанзивецот на Франција, Лука Дин може да го пропушти остатокот од Евро 2020. Тој влезе како замена на мечот против Португалија, но остана на теренот само седум минути и беше заменет откако имаше проблем со повреда.
„Лука Дин има проблем со бутниот мускул. Може да биде и доста сериозно. Ќе видиме за што точно станува збор, но обично ваквите повреди на мускулите не се добар знак“, изјави селекторот Дидие Дешамп.
Следниот натпревар на Франција е во 1/8 финалето, каде противник на актуелниот светски шампион ќе биде Швајцарија. Натпреварот се игра на 28 јуни во Букурешт.

