Српскиот интернационалец Лука Јовиќ и официјално денес беше претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид.
Шпанскиот гигант за неговиот потпис плати 60 милиони евра, а на денешната презентација, Лука Јовиќ на фановите им се обрати на српски јазик.
„Добро утро на сите. Ви благодарам што сте тука. Денес, јас сум најсреќното момче на светот. Сигурен сум дека ја избрав најдобрата опција. Ќе дадам сè од себе за да му помогнам на Реал Мадрид да постигнува успеси“, изјави Јовиќ на промоцијата.
Овој 21-годишниот фудбалер е поранешен светски младински шампион со Србија, а во редовите на Реал Мадрид доаѓа од германски Ајнтрахт Франкфурт, додека предходно го носеше дресот на Црвена Ѕвезда и Бенфика.