Шпанскиот весник – „АС“ тврди, дека репрезентативецот на Србија, Лука Јовиќ, се договорил со челниците на Реал Мадрид и дека од наредната сезона ќе настапува на „Сантијаго Бернабе“.
Според наведеното, фудбалерот ќе потпише договор за шест години а од неговиот трансфер ќе профитираат и неговите претходни клубови Бенфика и Ајнтрахт Франкфурт.
Португалците ќе добијат 12 милиони евра а германците 48 милиони евра. 21-годипниот фудбалер во тековнава сезона одигра 44 средби за Ајнтрахт на кои постигна 26 голови.