Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ заминал во самоизолација, пренесува „Фудбал Еспања“ повикувајќи се блиски извори до фудбалерот.
Напаѓачот отиде во самоизолација поради фактот дека тестот на неговиот пријател за коронавирус покажа позитивен резултат. Резултатот од тестот на Јовиќ е негативен, но играчот нема да го напушти домот во блиска иднина како претпазливост. Неговиот клуб, Реал Мадрид се согласува со оваа одлука.
Во јуни Јовиќ, кој се опоравува од скршеница на ногата, правел скара со пријателите, и покрај карантинот, кој беше воведен заради закана од ширење на коронавирус. Јовиќ се пресели во Реал Мадрид минатото лето од Ајнтрахт за 60 милиони евра. Оваа сезона напаѓачот одигра 15 натпревари во Шпанското првенство, постигна 2 гола и 1 асистенција.