Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ проговори за изгледите да игра за клубот.
„Ќе биде многу тешко за секој играч без да игра редовно. Кога напаѓачот не е сигурен во себе, тој дава малку. Напаѓачот треба само да постигне гол. Ако немам можност да се докажам во иднина, се надевам дека ќе имам шанса да го сменам тимот“, изјави Лука Јовиќ за „Спортклуб“.
Лука Јовиќ се пресели во Реал Мадрид од португалска Бенфика во 2019 година, додека последната сезоната пред да се пресели во Мадрид, играчот ја помина во Ајтрахт Франкфурт. Во тековната сезона од шпанскиот шампионат, српскиот напаѓач учествуваше на четири натпревари, без да постигне погодок на нив.

