Играчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ, поради повреда ќе го пропушти првото големо дерби на шпанскиот фудбал против Барселона, пренесува весникот „Марка“.
Модриќ заработи повреда на мускулот на мечот кој Хрватска го одигра против Велс во Кардиф како дел од Европското квалификации во неделата и ќе бидат потребни околу две недели за целосно да закрепне.
Ова значи дека 34-годишниот плејмејкер нема да биде достапен за натпреварите на неговата екипа против Мајорка во Ла Лига, против Галатасарај во ЛШ и за „Ел Класико“ во шампионатот на 26 октомври на „Камп Ноу“.