Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Мајорка влегува во историјата на шпанскиот фудбал. Во 82. минута од оваа средба во редовите на гостинската екипа тренерот го внесе во игра Лука Морено.
Ова младо момче од Мексико стана најмладиот фудбалер кој дебитирал во Ла Лига. Никогаш досега толку млад фудбалер, нема влезено во игра и настапи на некој натпревар во кој се играло за освојување на бодови. Морено со 15 години и 219 дена, го собори рекордот на Франциско Родригез Сансон, кој првиот натпревар го одигра со 15 години и 255 дена.
Лука Морено е роден во Мексико, но настапува за аргенската репрезентација до 15 години и веќе постигна два гола во шест натпревари за оваа сеплекција, а од синоќа е најмладиот играч кој заиграл во Ла Лига.