Корпулентниот белгиски фудбалски репрезентативец, Ромелу Лукаку, кој во текот на летово го напушти Манчестер Јунајтед и се пресли во редовите на италијанскиот Интер, проговори за периодот кој го помина на „Олд Трафорд“.
„Во Манчестер Јунајтед имаше три жртвени јагниња. Едно бев јас а другите две беа Погба и Алексис. Мораше да се најде некој виновник. Ако не бев јас, беа Погба или Алексис. Многумина велеа дека јас не можам да бидам дел од новиот систем. Не ми е јасно како можам да бидам лош за тимот а да бидам добар во репрезентацијата“ – вели Лукаку.
Напаѓачот кој пред две сезони беше ангажиран како големо засилување за англискиот тим се одлучи да ја промени средината бидејќи не доби вистинска шанса и беше отпишан од страна на тренерот, Оле Гунар Солскјер.