Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку се договорил за личните услови со Интер. Новиот тренер на „нероазурите” има планови за промени во тимот.
Клубот најверојатно ќе се раздели со Мауро Икарди, а Лукаку ќе го води нападот на тимот од новата сезона.
За да се случи тоа, сепак, Интер треба да се договори со „црвените ѓаволи” за трансферната сума. Од „Oлд Трафорд“ сакаат околу 62 милиони фунти за 26-годишниот напаѓач. Според „Газета дело Спорт” Лукаку се договорил со Италијанците за петгодишен договор, според кој ќе добива по 6,6 милиони фунти по сезона.
Напаѓачот постигна 27 гола во својата прва сезона на „Олд Трафорд”, но минатата сезона се запиша 15 пати во листата на стрелци, откако последните месеци Солскјер преферираше да игра со Маркус Рашфорд во нападот за сметка на Ромелу Лукаку кој седеше на клупа.
