Ромелу Лукаку кој во текот на летото го засили фудбалскиот состав на Интер, има пофални зборови за Златан Ибрахимовиќ, кој пак, во зимскиот преоден рок го облече дресот на градскиот ривал Милан. Ветеранот од Шведска и црномурестиот репрезентативец на Белгија, во еден период беа заедно во редовите на Манчестер Јунајтед.
„Ибра е шампион и многу го почитувам. Во Манчестер можев секој ден да тренирам со него, тоа беше најубаво нешто за мене“ – вели напаѓачот на „нероаѕурите“ пред градското дерби со Милан.
„Ќе биде убаво да се игра против него. За мене е нормално што може да игра одлично и на 38 години. Секогаш ми даваше совет кога играше во Јунајтед“ –
Вели Лукаку.