Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, кој не се појавил на закажаниот тренинг откако користел денови за одмор, најверојатно ќе добие казна од клубот, информираа медиумите во Англија.
Репрезентативецот на Белгија кој наводно ги има договорени личните услови со Јувентус и се обидува да им „помогне“ на Италијанците да ја спуштат цената од 85 милиони евра, сега се соочува со парична санкција од 400.000 фунти поради неоправдано отсуство од тренинг.
Во дел од медиумите се наведува дека луѓето од „Олд Трафорд“ не можеле да стапат во контакт со црномурестиот фудбалер по што настанала паника дали тој воопшто ќе се врати во Манчестер.