Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Лукаку израмни рекорд на Роналдо во Интер
    Фудбал

    Лукаку израмни рекорд на Роналдо во Интер

    risteBy riste22/08/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Голгетерот на Интер, Ромелу Лукаку, го изедначи достигнувањето на бразилската легенда Роналдо. Со својот гол на синоќешното финале против Севиља во Лига Европа, актуелниот напаѓач ја заврши својата деби-сезона за Интер со постигнати  34 гола, исто колку што имаше Роналдо во 1997/98 година. Тие се единствените играчи кои постигнале толку многу голови во својата прва сезона во клубот.

    Лукаку го постигна овој број на вкупно 51 натпревар во сите натпреварувања. Тој постигна најмногу голови во Серија А – 23. Во Лигата на Европа постигна 7 голап, а пред тоа беше прецизен во 2 случаи во Лигата на шампионите. Неговите други 2 гола се во Купот на Италија. Роналдо ги постигна своите голови на 47 натпревари. Тие беа 25 во Калчо лигата, 6 во Купот на УЕФА и 3 во Купот на Италија. Интересно е што последниот гол на Роналдо во својата дебитанска сезона за Интер беше и во финалето на Купот на УЕФА, но потоа екипата го освои трофејот.

    Ромелу Лукаку сега постигна 34 гола во сите натпреварувања во 2019/20, изедначувајќи го рекордот на Роналдо за најмногу постигнати голови во дебитантската сезона за Интер.

    Вчера Лукаку го постигна гол на 11-тиот последователен натпревар во Лигата на Европа, изедначувајќи ја серијата на Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите во периодот 2017 – 2018 година. Белгиецот е исто така првиот играч кој постигнал гол на 6 последователни елиминациски натпревари на европските клупски натпреварувања по sвездата на Јувентус, кој тоа го стори меѓу 2012 и 2013 година кога го носеше дресот на Реал Мадрид.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    • ОФИЦИЈАЛНО: Севиља се раздели со тренерот на тимот Хорхе Сампаоли
    • Рој Хоџсон се враќа на клупата на Кристал Палас
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.