Напаѓачот на Белгија, Ромелу Лукаку, се осврна на неговите партии во репрезентативниот дрес. 26-годишниот фудбалер на досегашните 79 мечеви успеа да постигне 45 голови за неговата селекција.
„Луѓето некогаш ме прашуваат дали влегувам меѓу тројцата најдобри белгијски напаѓачи во историјата. Јас велам дека сум најдобриот во историјата, јас сум најдобриот стрелец“ – потенцирал корпулентниот голгетер.
Лукаку со доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на кормилото на Манчестер Јунајтед, драстично ја подобри формата исе врати во голгетерски ритам и во Премиер конкуренцијата.