Белгискиот фудбалер, Ромелу Лукаку, во наредните денови треба да пристигне во Милано и да потпише за екипата на Интер, најавува денеска – „Газета дело Спорт“.
Корпулентниот напаѓач кој отпадна од првата постава на Челзи а имаше и одредени недоразбирања со тренерот, Томас Тухел, се согласил да му се намали платата само за да се врати кај „нероаѕурите“.
Според договорот на двата тима, Интер ќе плати 10 милиони евра за едногодишна позајмица.
