Ромелу Лукаку кој во текот на летово го напушти Интер за 115 милиони евра и се врати во редовите на Челзи, вели дека со нетрпение го очекува дербито со Арсенал во рамките на новото коло во Премиер-лигата.
„Ќе се обидам на тренинзите да бидам активен 100 проценти. Моите лични цели се совпаѓаат со тие на клубот. Сакам Челзи да победува и да освојува трофеи“ – потенцираше Белгиецот во интервју за официјалната веб -страница на лондончани.
„Ми се допаѓа шемата. Можам да дејствувам сам во напад но, исто така можам да бидам во тандем со друг напаѓач“ – вели корпулентниот голгетер.