Новиот напаѓач на Наполи, Ромелу Лукаку отсега ќе го носи дресот со број 9. Виктор Осимен и понатаму е дел од наполитанците по неуспешниот трансфер во Челзи и Ал Ахли, но не е во плановите на управата и тренерот Антонио Конте.
Осимен сега има само две опции – или да се пресели во клуб од Саудиска Арабија до 2 септември (тогаш се затвора преодниот рок), или да го чека јануарскиот преоден рок.
Наполи нема да го вклучи Осимен во првиот тим за оваа сезона, а и повлекувањето на неговиот број е доказ за тоа.

