Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку, кој игра како позајмен од Челзи, нема намера да се врати во англискиот состав на крајот на сезоната.
Белгиецот е презадоволен од условите во Милано а управата на Интер исто така одлучила да преговара со „сините“ за да го задржи без разлика на резултатите. „Нероаѕурите“ во текот на летото им платија на лондончани 7 милиони евра за да го ангажираат 29-годишниот напаѓач на позајмица.
Лукаку претходно на – „Стемфорд Бриџ“ одигра 26 мечеви на кои постигна само осум голови.