Црномурестиот напаѓач на фудбалскиот состав Интер, Ромелу Лукаку, вели дека неговиот тим забележал значајна победа на вчерашниот натпревар со Сампдрија и дека на тој начин ја задржал шансата да се бори за титулата.
„До крајот на сезоната секој меч за нас ќе биде како финале. Тоа е прашање на живот или смрт. Сега мора да се фокусираме за натпреварот в среда“ – вели голгетерот на „нероаѕурите“ кои се борат со Јуве и лацио за победничкиот пехар во Серија „А“.
„Тимот е во добра форма, но, мора да продолжиме така и да станеме уште посилни. Ќе имаме мечеви на секои три дена, ќе биде тешко“ – потенцираше Лукаку. Интер наредниот дуел ќе го одигра на домашен терен на 24 јуни против екипата на Сасуоло.