Цели пет години поминаа од последниот гол на Ромелу Лукаку во Лигата на Европа. Белгискиот напаѓач на Интер беше стрелец на конечните 2:0 за победа на неговата екипа над Лудогорец во Разград во првиот 1/16-финален меч од Лига Европа.

Тој последен пат беше постигнал гол во Лига Европа во сезоната 2014/2015 кога го носеше дресот на Евертон. Така, Лукаку постигна гол на шестиот последователен натпревар од ова натпеварување и покрај долгата пауза. Уште еден играч, Ален Ширер, кој постигнуваше голови на осум последователни натпревари, но на претходното натпреварување, Куп на УЕФА, може да се пофали со вакво достигнување.
26-годишниот Лукаку се пресели во Интер од Манчестер Јунајтед во август. Тој досега одигра 24 натпевари во Серија А во кои има постигнато 17 гола.

