Дали трансферот на Ромелу Лукаку во Интер ќе биде реализиран во текот на денешниот ден останува да видиме. Најновата понуда од Интер за напаѓачот на Манчестер Јунајтед треба да биде доволна за реализација на овој трансфер.
„Скај Спортс“ пренесува дека Италијанците понудиле 77 милиони фунти за играчот, што би требало да биде доволно за постигнување договор со Манчестер Јунајтед за негово привлекување.
65 милиони од овие се загарантирани, а преостанатите 12 милиони се во вид на бонуси, што очигледно ги задоволува „црвените ѓаволи“.
Лукаку продолжува да тренира со Андерлехт и не се враќа на Островот, што ќе му донесе парична казна од клубот, но неговиот агент е во Англија и се надева дека ќе постигне договор и тој ќе замине во Милано. Лукаку не одиграл ниту една минута за време на подготвителните средби на Јунајтед, велејќи дека бил третиран неправедно и би бил многу задоволен доколку го напушти „Олд Трафорд“.
Тој беше близу до трансфер во Јувентус, но договорот не успеа во последен момент поради барањата на Паоло Дибала, кој требаше да дојде во Манчестер Јунајтед.