Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку се врати во Челзи, а со 97,5 милиони фунти платени за него, постави интересен рекорд. Лукаку стана фудбалер за кого клубовите платиле најмногу.
За Лукаку досега се платени вкупно 285,6 милиони фунти, што е за околу 40 милиони повеќе од сумата платена за Бразилецот Нејмар – 246,6 милиони фунти, кој го држеше овој рекорд досега.
Лукаку ја започна својата кариера во Андерлехт пред да биде преселен во Челзи за 10 милиони фунти. По три години, 15 натпревари и без голови за „сините“, Лукаку беше продаден на Евертон за 28 милиони фунти. Следува трансфер во Манчестер Јунајтед за сума од 76 милиони фунти, па заминување во Интер за 74 милиони фунти. Вчера Челзи за него плати рекордни за клубот 97,5 милиони фунти.