Репрезентациите на Мароко и Хрватска обезбедија пласман во осминафиналето на СП во Катар. Денеска во последното коло во групата „Ф“ репрезентацијата на Мароко ја совлада Канада со 2:1 и го потврди пласманот на првото место во групата, откако Хрватска и Белгија одиграа 0:0. Белгија и Канада го завршија настапот на овој Мундијал и уште утре се враќаат дома.
Централен настан беше дуелот меѓу Хрватска и Белгија, кој заврши без голови, 0:0, што беше доволно за Хрватите да го заземат второто место во оваа група, зад Мароко. Хрватите беа подобри во првиот дел, додека Белгија доминираше во второто полувреме. Трагичар за Белгија беше Лукаку кој не успеа да реализира ниту една од 4 одлични шанси за погодок.
Ако Шпанија го освои првото место во групата „Е“ во осминафиналето ќе игра со Хрватска, додека Мароко ќе оди на Јапонија или Германија.