Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку е заинтересиран за враќање во Интер. Сепак, белгискиот фудбалер ќе мора да прифати намалување на платата за 50% за да се оствари овој трансфер, ова го објави весникот „Сан“.
Според изворот, годишната плата на Лукаку во Челзи е приближно 20 милиони евра. Претходно беше објавено дека Белгиецот е незадоволен од односот кон неговата личност во лондонскиот клуб, па сака да се врати во Интер, каде што почувствува морална поддршка.
Ромелу Лукаку сака да се врати во клубот од Милано, па затоа организираше состанок со извршниот директор на Интер, Бепе Марота за да разговара за можното враќање. Според информациите кои беа објавени, Интер има интерес за ваков трансфер. Белгискиот напаѓач оваа сезона забележа 21 настап во Премиер лигата, постигна пет гола и една асистенција.