Фудбалерот на Челзи, Ромелу Лукаку, кој беше стрелец на првиот гол на викенд- дербито со Арсенал, вели дека сака да се радува на трофеи.
„Секогаш сакам да придонесам за тимот, да победувам и да ги користам шансите. Затоа напорно работам и продолжувам да го правам тоа“ – вели црномурестиот напаѓач.
„Премиер лигата е исклучително конкурентна, ќе треба да растеме како тим“ – вели повратникот во редовите на „сините“ од Лондон.