Фудбалерот, Ромелу Лукаку, кој беше стрелец на израмнувачкиот гол за Наполи на вчерашниот меч со Парма во италијанскиот шампионат, се осврна на неговиот прв настап за екипата од Неапол.
„Чест е да се игра за клубот, за навивачите и за сите кои ме пречекаа толку топло. Работевме напорно на тренинзите и тоа се исплатеше. Навикнат сум да постигнувам голови кога играм дебитантски мечеви“ – вели Лукаку.
31-годишниот Белгиец летово го напушти Челзи и потпиша договор со италијанците до 30 јуни во 2027 година.

