Дефанзивниот фудбалер на шпанскиот состав Атлетико Мадрид, Лукас Ернандез, кариерата ќе ја продолжи во сегашниот состав иако неодамна се појавија гласини дека за неговиот потпис се заинтересирани луѓето од Баерн Минхен.
Интернационалецот од Франција кој настапува во крајниот лев дел од одбраната на „јорганџиите“, во континуитет се поврзуваше со Баварскиот гигант кој наводно е подготвен да плати околу 85. милиони евра.
Сега како што пренесуваат дел од медиумите во Шпанија, 22. годишниот играч кој се појави на вкупно 17 средби во сите конкуренции, нема да добие дозвола да си замине од тимот барем додека трае тековнава сезона.