Напаѓачот на Арсенал, Лукас Перез, ги минал лекарските прегледи во Вест Хем што е последен чекор до потпишување на договор со „чеканите“. Како што објавија извори блиски до Вест Хем, Шпанецот ги завршил успешно лекарските тестови, по што се очекува да стане деветтото ново засилување за клубот ова лето.
перез помина две сезони на „Емирати“ во дресот на Арсенал откако дојде од Депортиво Ла Коруња за 17 милиони фунти. 29-годишниот напаѓач не успеа да се снајде во тимот па беше испратен на позајмица во Депортиво минатата сезона. Сега останува да се комплетира трансферот во Вест Хем и да бидат обелоденети и деталите од договорот.