Арсенал на крајот на оваа сезона најверојатно ќе го продаде шпанскиот напаѓач Лукас Перез и тоа во екипата на Лацио. Според информации во италијанскиот печат, тимот од Рим го посакува 29-годишниот фудбалер како замена за Нани, кој не успеа да блесне со дресот на „лацијалите“.
Перез не се снајде на “Емирати” по трансферот во летото 2016 година и на крајот беше позајмен во Депортиво Ла Коруња до крајот на оваа сезона.