Играчот за врска на Арсенал, Лукас Тореира продолжува со потрагата по нов тим. Уругваецот не е вклучен во плановите на менаџерот Микел Артета и се наоѓа на трансфер листата на Топџиите, кои му одредија трансферна сума од 20 милиони евра.
Не недостасува интерес за фудбалерот, бидејќи тој се поврзува со Рома, Атлетико Мадрид и Торино. Засега, кандидатите за неговиот потпис чекаат и немаат дадено официјална понуда.
Се вели дека самиот Тореира би сакал најмногу да се врати во Серија А. Токму тој се прослави со настапите во екипите на Пескара и Сампдорија, пред да биде продаден на Арсенал минатото лето за 28,5 милиони евра.