Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Лукас Васкез, има голем избор каде да ја продолжи кариерата откако стана слободен играч по завршувањето на договорот со „кралскиот клуб“.
За неговите услуги има голем интерес од повеќе европски клубови, а во моментов најголеми шанси има шпанскиот тим Еспањол, кој веќе испратил конкретна понуда до Васкез, играчот кој пред точно една деценија беше на позајмица во каталонскиот клуб.
Во игра за неговиот потпис се и Фенербахче и Бешикташ од Турција, Ајакс од Холандија, но и два клуба од англиската Премиер лига, кои би сакале да го ангажираат на едногодишна соработка, нешто што не е приоритет на Васкез во моментов.
Во дресот на Реал Мадрид ги освои сите можни трофеи, вклучително и пет титули во Лигата на шампионите.

