Играчот за врска на Реал Мадрид, Лукас Васкез е се поблизу до разделба со клубот. Двете страни не можат да се договорат за нов договор и 29-годишниот фудбалер скоро сигурно ќе замине како слободен играч, иако Зинедин Зидан инсистира на тоа да остане и понатаму во неговиот тим.
Васкез не е задоволен од финансиските услови што му се нудат. Сепак, управата на Реал Мадрид не го гледа крилото како клучен играч. Згора на тоа, тие веруваат дека тој го забавува развојот на Винисиус Жуниор и Родриго Гос, кои ќе добијат повеќе шанси од следната сезона.
Во оваа фаза, фаворит за потпис на Лукас Васкез е Баерн (Минхен). Баварците веќе стапија во контакт со шпанскиот репрезентативец. Конечен договор сеуште нема, но тој може да стане реалност за неколку дена. Во тековната сезона, Васкез има 22 натпревари и 2 гола во Примера. Тој е дете на Реал и дебитираше за првиот тим во 2015 година, по една сезона помината на позајмица во Еспањол.

