Леополдо Луке кој му беше личен лекар на Диего Армандо Марадона, потенцира дека нема што да крие и дека во целата процедура на лекување нема никаква грешка.
Ненадејната смрт на легендата на светскиот фудбал предизвика лавина реакции и шпекулации а во целата ситуација се вклучи обвинителството во Аргентина.
„Во смртта на Марадона нема медицинска грешка. Се направи се што можеше, го продолжив неговиот живот колку што можев“ – вели Луке кој призна дека имал мала расправија со неговиот пациент неколку денови пред да почине.

