Нигерискиот напаѓач Адемола Лукман формално побара од Аталанта трансфер откако клубот ја отфрли првата понуда на Интер од 42 милиони евра + 3 милиони како бонуси. „Миланезите“ не ја зголемија својата понуда и разгледуваат други алтернативи како што е и Кристофер Нкунку од Челзи.
Лукман сака да оди во Интер и јавно потврди дека поднел барање за трансфер.
„Немам друг избор. Од непознати причини, клубот ја блокира понудата, и покрај ветувањата. Штета што дојде до ова“, изјавил Нигериецот.

