Валтер Мацари е нов тренер на Наполи. Тој доаѓа на местото на Руди Гарсија кој заработи отказ по серијата на лоши резултати.
Клучен фактор за отказот на Шпанецот беа последните два натпревари на Наполи во кои тимот ремизираше 1:1 во Лигата на шампионите со Унион Берлин а претрпе пораз во Серија А од Емполи (0:1).
Мацари ги водеше наполитанците од 2009 до 2013 година кога го освои Купот на Италија.