Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје го обезбеди Андреј Магдевски кој по една сезона во Романија во редовите на Плоешти се врати кај популарните „штркови“.
Плејмејкерот играше за тимот од Аеродорм од 2018 до 2021 година кога освои две шампионски титули и беше избран за МВ на финалната серија во сезоната 2020/21.
Магдевски потпиша договор за наредните две сезони сезони.