Ахмад Магомедов освои бронзен медал за Македонија на Европското првенство во борење за сениори кое се одржува во Загреб, Хрватска. Тој синоќа го совлада Арман Авагјан од Ерменија со 7:4 и успеа да дојде до првиот медал за Македонија на ова првенство.
Денеска шанса за медал добива и Расул Шапиев кој иако беше поразен во првата борба во категоријата до 74 килограми од Словакот Салказанов, поради тоа што противникот обезбеди финале, успеа да се протне во репасажот каде што ќе се сретне со Храјар Алиханјан од Ерменија.