Фудбалскиот состав Шалке 04 официјално, објави, дека младиот играч од средниот ред, Макс Мајер, ќе го напушти клубот како слободен агент откако ќе заврши тековнава сезона. Тој не сакал да потпише нов договор бидејќи има шанси да направи трансфер во англискиот Арсенал.
Во меѓувреме, германскиот клуб потпиша договор за партнерство со кинескиот состав Хебеј кој е валиден пет години. Тимот од Гелзенкирхен ќе испрати тренери во Академијата на Хебеј за што ќе заработи повеќе од 10 милиони евра. Германците ќе трета година по ред во текот на летото ќе имаат турнеја во Кина на која ќе се сретнат со новиот партнер.
„Тоа е огромно, долгорочно и ефективно партнерство за нас” – стои во соопштението на Бундестимот кој сака да ја продлабочи соработката со кинеските фудбалски екипи.