Поранешниот германски фудбалски репрезентативец, Макс Мајер, се врати во Првата Бундес-лига потпишувајќи договор со Келн до крајот на сезоната. Претходно во јануари, играчот за врска се раздели со англискиот Кристал Палас. 25-годишниот Мајер играше за Шалке 04 до летото 2018 година кога му се приклучи на тимот од Лондон.
„Најважно за мене беше да играм редовно. Сакам да ја искористам мојата шанса во Келн. Имам желба да настапам на највисоко ниво и да му помогнам на тимот да остане во елитата” – изјави Мајер кој има четири средби за германската репрезентација.
Неговиот нов тим се наоѓа 16-то место на табелата во елитниот германски шампионат.