Британската полиција обезбеди посебни заштитни мерки за фудбалскиот судија Мајкл Оливер. По завршувањето на натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Реал и Јувентус, англиски судија и неговата сопруга беа навредувани и почнаа да добиваат смртни закани.
На овој возвратен меч од четврфиналето, Оливер покажа на белата точка во 94. минута од мечот, а Реал (М) со погодок обезбеди место во полуфиналето на Лигата на шампионите. Покрај тоа, Оливер му врачи и црвен картон на голманот на Јувентус, Џиџи Буфон.
По објавувањето на телефонскиот број на судијата, тој и неговата сопруга почнаа да добиваат смртни закани.