Поранешниот дански репрезентативец, Бо Свенсон, го презеде кормилото на фудбалскиот состав Мајнц кој има само една победа во 14 кола и се наоѓа на претпоследното место во Бундес-лигата.
41-годишниот стратег во еден период од кариерата (2007-2014 година) играше токму за германскито состав. Интересно е тоа што Свенсон е четвртиот тренер во клубот од почетокот на сезоната. Прв беше Ахим Бајерлорцер потоа Јан-Мориц Лихте додека на неделниот меч со Баерн Минхен на клупата седеше Јан Сиверт.
Новиот тренер на Мајнц ќе дебитира в сабота на домашен терен на мечот со Ајнтрахт Франкфурт.

