Македонските одбојкари на најдобар можен начин ѝ се реваншираа на Данска за поразот од пред пет дена во Струмица и со идентични 3:0 прокнижија нови бодови во Шлагелсе во рамките на ЦЕВ Сребрената европска лига.
Во дуелот од четвртото коло во групата А , Македонија освои нови бодови со што нашите одбојкари покажаа дека може квалитетно да одиграат и на гостински терен и да слават на убедлив начин.
Првиот сет беше изедначен, Македонија сепак успеа да го добие со 25:23. Во вториот сет Македонија направи добра серија и успеа да се одлепи и предноста да ја зголемува за нависоките 25:17). Одличната игра ја продолжија и во треттиот сет кој го добија со 25:21.
На овој натпревар , најрасположен кај Македонија беше Александар Љафтов со 23 поени, додека капитенот Никола Ѓорѓиев освои 12 поени.
Утре Македонија во 16 часот ќе игра против репрезентацијата на Израел.